СИТЕ ПАТИШТА НА „КРАЛОТ" ВОДАТ КОН ЛА

„Леброн во Лејкерс", тоа е најјасниот пат...

Едeн од најдобро запознатите новинари со ситуацијата во и околу НБА лигата, Адријан Војнаровски, за ЕСПН говори за тоа каде најдоминантниот играч на денешнината ќе ја продолжи кариерата...

објавено: 14 јуни 2018 - 21:45

Овој познат новинар од сферата на НБА кошарката истакнува дека Лејкерс без многу мака можат да му обезбедат на Џејмс способен тим кој би можел да му помогне во походот кон четвртата титула во кариерата.

„Просто кажано, мислам дека Лејкерси се најјасен и најчист пат за Леброн" - вели новинарот алудирајќи на финансиската флексибилност на тимот од Лос Анџелес.

„Тие имаат простор во 'селари-капот'да го донесат. Исто така, покрај него, тие можат да ангажираат уште еден играч со максимален договор, без многу мака"- смета Војнаровски.

Лејкерс се вториот најтрофеен тим во историјата на НБА лигата, во последните неколку сезони се далеку од плеј-офот. А по заминувањето на Коби Брајант во пензија, собраа доста млади и талентирани играчи кои ги предводат Кајл Кузма, Лонзо Бол, Брендон Инграм, Џулиус Рендл...

Како други заинтересирнаи тимови за Џејмс се споменуваат и Сан Антонио, Хјустон, Филаделфија, Мајами, а како опција, секако, е останување во тимот од Охајо.

Најново во Кошарка