„МАГИЧНА“ ВЕЧЕР ВО БОСТОН И...

ЛЕЈКЕРС И ПОНАТАМУ НА „НУЛА": Леброн од јунак до трагичар (ВИДЕО)

Во еден неверојатно ефикасен меч, Сан Антонио му нанесе уште едне пораз на Лос Анџелес Лејкерс (143:142)...

објавено: 23 октомври 2018 - 08:31

ЛА Лејлерс загуби после една голема драма и продолжението од пет минути во кое Леброн Џејмс имаше шанса да му го донесе првиот триумф на својот нов тим. Но не ги реализираше двете слободни фрлања кои веројатно ќе означеаа прва победа за „езерџиите". Вака го запишаа и третиот пораз, втор за нив во „Стејплс центарот" од почетокот на сезоната.

Сан Антонио имаше дури плус од 14 поени на крајот на првата четвртина, а до одморот Лејкерс да намали само на пет. До последната четвртина тимот од Ел-Еј дури и побвед, но Спарси беа тие кои до последната минута имаа вишок од осум поени. Но прво погоди Мек Ги, а по нереализираните обиди на Форб и Геј, со тројки казнија Кузма и Џејмс, па мечот отиде во продолжение.
Таму обратна ситуација. Пред влезот во последната минута Лејкерс имаа плус 6, но токму со поените на Фробс и Геј, Сан Антонио се врати на (141:142).

Следуваа двете нереализирани слободни фрлања на Леброн Џејмс, што го казни Пети Милс со поени од полудистанца. На седум секунди пред крајот на продолжението.

Леброн имаше уште една шанса, но неговиот обид не го најде патот до кошот. Застана на бројката од 32.поени, но не беше најефикасен во својот тим затоа што Кајл Кузма даде 37.поени.
Ламаркус Олдриџ кај Спарс имаше ист број на поени, Демар Дерозен уфрли 32, а Пети Милс кој пресуди – 12.
Продолжение се играше и во Портланд каде славеше уште една гостинска екипа – Вашингтон (125:124). Блејзерс ја имаа победата во џебот, на 13 секунди водеа со (111:108). Но Бредли Бил со тројка донесе изедначување. Обидот на Нуркиќ не ја пронајде целта, па се играа плус пет минути.
Маркиф Морис ја даде клучната тројка за победа, донесе позитива од четири поени.
Голден Стејт бешпе убедлив против Феникс (123:103), а Вориорс го „прекршија" мечот во втората четвртина по која се стекаа со големи (70:47). Голден Стејт уфрли 14 тројки, а Стеф Кари одново беше најдобар со 29.пени, додека Кевин Дурент даде 22.
Девин Букер беше најдобриот играч на Санс – уфрли 28.поени.

Најголемото изненадување сепак го направија кошаркарите на Орландо кои победија во Бостон (93:90). Имаа гостите од Флорида и плус од 12 поени во првата четвртина, а „двоцифрени“ беа и во псоледната. Но со поените на Ирвинг и на Хејворд, Селтикс стигна до (90:91). Еван Фурние ги погоди двете слободни фрлања за (93:90), а во псоледните пет секунди шутевите кои носеа потенцијално израмнување ги утнаа токму Ирвинг и Хејворд.

  

 РЕЗУЛТАТИ: Сан Антонио – ЛА Лејкерс 143:142, Феникс – Г. Стејт 103:123, Вашингтон – Портланд 125:124, Мемфис – Јута 92:84, Чикаго – Далас 109:115, Индијана – Минесота 91:101, Њујорк – Милвоки 113:124, Шарлот – Торонто 106:127, Орландо – Бостон 93:90;

Најново во Кошарка