НАЈГОЛЕМА ПОЧЕСТ ЗА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ

Лејкерс ќе ги пензионираат „8" и „24" на неповторливиот Коби Брајант

За време на вечерашниот дуел ЛА Лејкерс – Голден Стејт, челниците на еден од најславните клубови во историјата на НБА лигата на посебен начин ќе му се заблагодарат на големиот играч...

објавено: 18 декември 2017 - 17:35

Коби Брајант го задолжи и тоа многу ЛА Лејкерс, не само со оние шест шампионски прстени во 20 години колку што беше дел од еден од најславните клубови во светот на кошарката.

Туку многу повеќе од тоа..
Затоа, ноќеска, на посебна церемонија во „Стејплс центарот" во ЛА, популарните „езерџии" ќе му се заблагодарат на еден од најголемите играчи во историјата на кошарката. За се што им даде во оние две децении.
Ќе ги повлечат од употреба двата дреса со кои настапуваше во текот на богатата кариера. И онаа „8" , но и „.24" кои станаа синоним за неповторливост.

„Уште како дете, додека живеев во Италија каде мојот татко имаше кошаркарски ангажман, мечтаев дека еден ден ќе го облечам дресот на Лејкерс. А не ни сонував дека ќе имам два дреса во тој клуб. Со овој гест, Лејкерси, клубот за кој навивам целиот живот, ми направија голема чест" - рече Брајант пред неговите два дреса бидат поставени на посебно место во „Стејплс Центарот".

И на овој начин, Брајант ќе стане само десеттиот кошаркар во историјата на франшизата од Лос Анџелес, кому клубот ќе му оддаде таква почест.
Пред него тоа им појде од рака само уште на Вилт Чембрлен, Елџин Бејлор, Гајл Гудриџ, Меџик Џонсон, Карим Абдул-Џабар, Шекил Онил, Џејмс Ворти, Џери Вест и Џамал Вилкис.
Целата своја кариера Коби (1996 -2016) Брајант ја помина со Лос Анџелес Лејкерс. Освои пет шампионски прстени, а два пати беше прогласен за МВП на финалето.

Најново во Кошарка