СЕ ПОГЛАСНИ НАЈАВИ ОД ЕЛ-ЕЈ

Лејкерси ќе го отпуштат Лук Волтон?

Иако екипата од Калифорнија е во серија од три победи, сепак со ефект од 14 победи во 41.натпревар, во овој момент се на 13 место во Западната конференција на најсилната лига на светот.

објавено: 14 јануари 2018 - 17:18

Иако екипата од Калифорнија е во серија од три победи, сепак со ефект од 14 победи во 41.натпревар, во овој момент се на 13 место во Западната конференција на најсилната лига на светот.
Според сознанијата на ЕСПН, челниците на ЛА Лејкерс најмногу би сакал на клупата да го имаат доскорешниот тренер на Мемфис Гризлис, Дејвид Физдејл.

„Постојат различни начини како да се однесувате спрема Лавар Бол, но тој во јавноста обелодени дека челниците на Лејкерс не веруваат во Лук Волтон. Тоа сега е сосема очигледно. Многумина генерални менаџери, тренери и агенти ме прашуваат кого Лејкерси ќе го именуваат за главен тренер. Некои од нив веруваат дека тоа ќе биде Дејвид Физдејл" – вели новинарот на ЕСПН, Брајан Виндорст.

Најново во Кошарка