СТАНУВА ИНТЕРЕСНО, СЕГА Е 2-2

Лоша вечер на Голден стејт, Рокетси направија брејк (ВИДЕО)

Џејмс Харден и Крис Пол го предводеа Хјустон до триумфот на гостувањето кај Голден стејт (92:95). 

објавено: 23 мај 2018 - 08:30

Убедливиот пораз не се одрази врз играта и мотивот на кошаркарите на Хјустон. На гостувањето кај Голден стејт славеа со 95:92 и изедначија на 2-2 во финалната серија во Западната конференција.

Стартот на мечот не ветуваше победа на Роктетси, домаќинот поведе со серија 12-0, а потоа по првата четвртина поведе со 28:19.

Но, кошаркарите на Хјустон се вратија во вториот период, решавајќи го во своја корист, на одморот заминаа со позитива од 45:53. Стеф Кари во третата четвртина го разбуди својот тим, со 17 поени (од кои пет тројки) го врати водството на Голден стејт, во последната четвртина влезе со 80:70.

Рокетси не се предадоа, со нова серија од 9-0 целосно се вратија во мечот, максимално ги искористија грешките на противникот за целосен пресврт и победа. Серијата се враќа во Хјустон.

Најефикасен беше Џејмс Харден со 30 поени, Крис Пол имаше три поени помалку. На другата страна Стеф Кари реализираше 28 поени, додека Кевин Дурент застана на 27 поени.

Најново во Кошарка