СТИВ КЕР ГО ПОТВРДИ ОТСУСТВОТО

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ШАМПИОНОТ: Без Стеф Кари на Божиќ

Ол-стар бекот на Голден Стејт нема да се појави во тимот на „воините" на дуелот со Кливленд...

објавено: 25 декември 2017 - 10:00

Еден голем играч нема да се појави на Божиќната програма која со себе ја носи НБА лигата.

Еден од носителите на играта на актуелниот НБА шампион, Стеф Кари, сеуште не ја санирал во целост повредата, па во клубот не сакаат никаков ризик.
Па дури и да станува збор за еден од најгледаните мечеви во годината, оној кој важи за „реприза" на ланското финале на плеј-офот, против Кливленд Кавалирс.

„Стеф сеуште не играл ниту 'три на три' на тренинзите. Тренира без контакт. Не може да игра, тоа би било неодговорно. Тој се попоравува добро, и се оди според планот. И ќе игра дури кога ќе биде целосно подготвен"- потврдува тренерот на шампионите од Оукленд, Стив Кер.

Интересно е дека после повредата на скочниот зглоб, без Кари во тимот Голден Стејт имаат скор од седум победи по ред. А главната улога во тимот од Оукленд ја превзема Кевин Дурент кој во тие мечеви имаше просек од 32.3 поени, 9.6 скока и 6.6 асистенции.
Репризата на големото финале се игра во понедленик навечер, од 21. часот.
Посе 33 мечеви на Западот, шампионот има скор 26-7 доволен за второто место во конференцијата (зад Хјустон).
Со ефект (24-9), Кливленд е трет на Истокот.

 

Најново во Кошарка