НЕОЧЕКУВАНА ПЛЕЈ-ОФ „РЕСТРИКЦИЈА" ВО КЛИВЛЕНД

Лу и Кавалирс се откажуваат од услугите на Џеди Осман и Тристан Томпсон?!

Иако го платија со неверојатни 82 милиони долари, центарот испаѓа од комбинациите на стручниот тим, многу веројатно и родениот охриѓанец...

објавено: 13 април 2018 - 21:10

Во доигрувањето за титулата, екипата на Кливленд Кавалирс ќе тргне во нешто променет состав во кој многу извесно, ќе недостасуваат некои играчи за кои до скоро се велеше дека се сигурни.

Во пресрет на првиот меч од серијата со Индијана (недела-21.30 часот), тренерот на Кливленд, Тајрон Лу најави „скратување во ротацијата".
„Вообичаено во плеј-офот играме со девет играчи, а мислам дека оваа година ќе играме со десет" - вели Лу за ЕСПН.
Не требаше многу време на новинарите да „пребројат" кои же бидат адутите на кавалирс за овој плеј-оф.
Сигурни места во стартната петорка имаат Џорџ Хил, Џеф Грин, Кевин Лов, и секако Леброн Џејмс. А за петото место во конкуренција се Родни Худ и Кајл Корвер.
Покрај овие шесторица кошаркари, свои минути би требало да добијат Хозе Калдерон, Џеј-Ар Смит, Џордан Кларксон и Лери Ненс-јуниор.

Надвор од ротацијата, очекувано, би требало да бидат Анте Жижиќ, новакот Кендрик Перкинс, а помалку изненадувачки и неочекувано, дури и Џеди Осман и Тристан Томпсон.
После сите оние размени во тимот, охриѓанецот имаше навистина одлични изданија во текот на сезоната, но очигледно дека тоа не е доволно за Лу.
Од друга страна, оваа сезона Томпсон нема важна улога во тимот на Џејмс. Има во проске по 20.2 минути, најмалку од 2011 година кога влезе во НБА лигата, со просек од 5.8 поени и 6.6 скока, кој сега не е гаранција за успех, иако овој играч пред некоја година беше платен со неверојатни 82. милиони долари

Најново во Кошарка