Шампионот славеше по продолженија

Луто Кари го „изгоре“ Лос Анџелес лејкерс

Стефон Кари се разбуди и се разигра во продолжението и со 13 од вкупно 28 поени го водеше шампионот Голден стејт до победа против Лос Анџелес лејкерс од 127:123

објавено: 30 ноември 2017 - 09:00

Стефон Кари се разбуди и се разигра во продолжението и со 13 од вкупно 28 поени го водеше шампионот Голден стејт до победа против Лос Анџелес лејкерс од 127:123.

Во регуларниот дел беше 109:109, а бекот на „воините“ дотогаш имаше удар за три поени еден од седум. Дополнителното време го почна со две тројки по ред, а доминираше со речиси половина поени од својот вкупен ефект, постигнати за само 5 минути.

Кевин Дурант забележа 29 поени, додека кај поразениот состав и на мечот најефикасен беше Брендон Инграм со 32 поени.

Програмата од 10 меча во НБА лигата ја одбележа извонредниот Џејмс Харден со 29 поени, 10 асистенции и 8 скока во победата на Хјустон против Индијана со 118-97. На Харден му недостигаа два скока за нов трипл-дабл.

Лемаркус Олдриџ со 41 поен го израмни својот најдобар учинок во дресот на Сан Антонио, а популарните „мамузи“ славеа против Мемфис со 104:95.

Нов рекорд на кариерата од ноќеска има Бен Симонс од Филаделфија. Дебитантот на „76-те“ постигна 31 поен и забележа 18 скока во победата на Фили против Вашингтон со 118-113.

Резултати: Детроит - Феникс 131:107, Орландо - Оклахома 121:108, Филаделфија - Вашингтон 118:113, Њујорк - Мајами 115:86, Торонто - Шарлот 126:113, Хјустон - Индијана 118:97, Њу Орлеанс - Минесота 102:120, Далас - Бруклин 104:109, Сан Антонио - Мемфис 104:95, Лос Анџелес лејкерс - Голден стејт 123:127 (по продолжение).

Најново во Кошарка