ТИМОТ ОД ОРЛАНДО НЕ ПРИЗНАВА ФАВОРИТИ, ИСТО И ОНОЈ ОД МЕМФИС

Магија за Кливленд, Гасол го среди Голден Стејт

Продолжува „падни-стани“ стилот за фаворитите. Нови порази за ланските финалисти... Одличен почеток на Хјустон, Торонто...

објавено: 22 октомври 2017 - 08:42

Мемфис гризлис славеа против актуелниот шампион Голден Стејт со (111:101). Марк Гасол со 34. поени, 14. скока и 2. асистенции беше најдобриот играч во победничката екипа.
Кај Вориорс, Стеф Кари дојде до 37.поени, 6.скока и 3 асистенции, а Кевин Дурант со 29.поени, 13.скока и 3. асистенции.
Уште полошо помина Кливленд кој на гостувањето во Орландо беше тотално надигран (93:114).
Втора вечер по ред Никола Вучевиќ правеше вистински „магии" во противничкито рекет. Силниот Црногорец дојде до 23.поени, 9. скока и 5. додавања, а беше одлично следен од Џонатан Симонс со 19.поени и 4.скока.
Без повредениот Дерек Роуз, кај Кавалирс. Леброн Џејмс запиша 22. поени, 4. скока и 2.асистенции, а зад себе го остави ефектот на Иман Шамперт од 21.поен, 7. скока и 2.асистенции.
Затоа пак Хјустон Рокетс почна турбо во новата сезона. Во дербито на Тексас совладан е Далас Маверикс, и тоа убедливо, со (107:91).
Иако Крис Пол ќе биде отсутен извесен период, тоа не му посмета на Џејмс Харден да донесе уште еден триумф за „ракетите". Сега со реализирани 29. поени, 7.асистенции и 3. скока.
Кај Далас, Јоги Ферел дојде до 19. Поени, исто колку и Џеј-Џеј Бареа...
Истото важи и за Торонто. Репторс дојдоа до уште едне триумф во оваа нова сезона. Совладана е Филаделфија, и тоа мошне убедливо, со (128:94).
Демар Дерозен даде 30. поени, Серж Ибака го испрати со 21. поен и 5 скока, додека пак во тимот на Сиксерс прво име беше Бен Симонс. Повратникот во тимот беше блиску до трипл-дабл ефект. Имаше 18. поени, 10 скока и 8 асистенции
РЕЗУЛТАТИ
Торонто – Филаделфија 128:94; Кливленд – Орландо 93:114; Мајами – Индијана 112:108; Њујорк – Детроит 107:111; Хјустон – Далас 107:91; Чикаго – Сан Антонио 77:87; Мемфис – Голден Стејт 111:101; Милвоки – Портланд 113:110; Далас – Сакраменто 96:79; Јута – Оклахома 96:87;

Најново во Кошарка