ЗА ПРВ ПАТ ВО СВОЈАТА ИСТОРИЈА

Мајами има страшна петорка која дала повеќе од сто тројки

Тимот од Флорида славеше на гостувањето во Атланта (115:86), а сите работи ги завршија за едно полувреме.

објавено: 5 април 2018 - 08:44

Екипата на Мајами има со што да се пофали. Освен што ќе игра во плеј-офот, тимот од Флорида стигна до еден несекојдневен рекорд во оваа година.

Имено има дури петорица кошаркари кои во текот на сезоната реализирале повеќе од сто тројки, што е навистина показател плус за каков колектив станува збор.

На дуелот против слабата Атланта по 19 поени дадоа Џош Ричардсон и Кели Олинук а поен помалку додаде Џастин Винслоу.
Во Атланта, најдобар со 20. поени беше Таурен Принс.
Дербито на Истокот беше дуелот помеѓу Торонто и Бостон, а резултатски беше интересен до средината на втората делница. Период во кој Селтикс одржуваше мала предност по што Репторс ја превземаа контролата, и на играта и на резултатот. За сигурни (96:78).
Демар Дерозен уфрли 16, а со по 15 поени го следеа Фред Ванвлит и Серж Ибака.
Во Бостон, најефикасен беше Маркус Морис со 21 реализација.

Од првиот момент, кошаркарите на Њу Орлеанс го контролираа мечот против Мемфис, и на крајот стигнаа до повеќе од убедливи (123:95).

Во еден момент Пеликанс имаа предност и од 32. поени против одамна предадените Гризлис, а Етван Мур стигна до рекордни во кариерата седум тројки, односно 30. поени. Ентони Дејвис даде два помалку, а додаде и 12.скока за дабл-дабл ефект, Никола Миротиќ пак реализираше 25.поени за Пеликанс кои сега се на осмото место на Западот, последното кое води во плеј-офот.
ЛА Лејкерс нема да играат во доигрувањето, но играат доста добро во овој финален дел од сезоната. Доказ за тоа е победата против Сан Антонио (122:112).
Истото треба да се каже и за уште еден млад тим, оној на Филаделфија, кој пак ќе игра во плеј-офот на Истокот, а го потврди тоа и со триумфот над Детроит (115:108), по што тимот од „Мотор сити" има само теоретски шанси да влезе во првата „осумка" од источната конференција.
РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Филаделфија 108:115, Орландо – Далас 105:100, Атланта – Мајами 86:115, Њу Орлеанс – Мемфис 123:95, ТОронто – Бостон 96:78, ЛА Лејкерс – Сан Антонио 122:112

Најново во Кошарка