Бекот на Детроит се соочува со казна за сексуален атак

Мајсторот за одбрана во НБА, тргнал во напад во погрешно време

Еден од најдобрите дефанзивци во НБА лигата, Ејвери Бредли е обвинет за обид за силување, а инцидентот се случил во периодот кога играше за Бостон селтикс

објавено: 29 декември 2017 - 20:20

Еден од најдобрите дефанзивци во НБА лигата, Ејвери Бредли е обвинет за обид за силување, а инцидентот се случил во периодот кога играше за Бостон селтикс.

По дербито со Кливленд во финалето на источната конференција, Бредли во еден од локалите во Бостон бил агресивен и се обидел да силува девојка, која ја запознал таа вечер.

По извесно време се соочи со обвинението, а нападнатата девојка барала отшета од 400 илјади евра, но Бредли во консултации со адвокатскиот тим одбиле да ја платата сумата.

Моментно Бредли е кошаркар на Детроит пистонс и важи за еден од најдобрите дефанзивци во НБА лигата.

Најново во Кошарка