ДЕНОВИ НА ПРОМЕНИ ВО ОКЛАХОМА ИЛИ НЕ?

МЕЛО ОДЛУЧИ, но што е работата со Џорџ?

Ол-стар крилото на Оклахома, Кармело Ентони има намера и следната година да остане кај Тандер, пренесуваат „инсајдерите" во НБА лигата.

објавено: 25 јуни 2018 - 10:30

Искусниот кошаркар дојде во Оклахома минатата сезона, и тоа како играч на Њујорк Никс, и во својата последна година од договорот ќе заработи 27.9 милиони долари.
Во својата премиерна сезона кај Тандер некогашниот трет пик на драфтот (го одбра Денвер), одигра 78. натпревари, и во просек реализираше по 16.2 поени, 5.8 скока и 1.3 асистенции.
Како што сега стојат работите, следната сезона би можело да се случи со него да остане, и да игра и вториот ол-стар кошаркар во екипата, Пол Џорџ.

ОД ЕСПН наведуваат дека 28.годишниот кошаркар сеуште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата, но и тоа дека не би имал ништо против да остане во тимот заедно со Расел Вестбрук.
Не е тајна дека Пол Џорџ има понуда од ЛА Лејкерс, но и од Оклахома, а луѓето од неговото опкружување му советуваат да се врати во Калифорнија, каде е роден и каде порасна, но на самиот играч не му смета да остане со Тандер.
Во шесте плеј-оф мечеви, во сега веќе минатата сезона во НБА лигата, Џорџ во просек реализираше по 24.6 поени, заедно со 6.скока и 2.7 асистенции.
Во Оклахома дојде од Индијана, во текот на 2017 година.

Најново во Кошарка