ТРЕТА ТИТУЛА ВО ЧЕТИРИ ГОДИНИ ЗА „ВОИНИТЕ ОД ОУКЛЕНД“

МЕТЛА ВО ФИНАЛЕТО: Голден Стејт ја одбрани титулата! (ВИДЕО)

Во голем стил Вориорс стигнаа до уште еден шампионски прстен, и ја продолжија својата доминација во НБА лигата, Го победија Кливленд и по четвртти пат по ред, во последниот меч беше (108:85), за третаа титула во последните четири години.

објавено: 9 јуни 2018 - 08:30

Исходот на овој дуел, решавачки во серијата беше познат практично во третата четвртина кога гостите од Оукленд стекнаа дваесетина поени предност.
Голден Стејт стигна до шестатат титула во историјата на франшизата, и според бројот на трофеи се изедначија со еден Чикаго Булс.
Станаа деветиот тим во историјата кој ја добил финалната серија со максимални (4:0), први од Сан Антонио од 2007 година (исто така во дуелите со Кливленд).
За Леброн Џејмс можебиу ова беше и последниот меч во дресот на Кливленд во кој го загуби и своето четвртто финале, или вкупно шесто во кариерата.
Стеф Кари го предводеше новиот шампион со 37.поени, од тоа седум тројки. Кевин Дурент стигна до трипл-дабл од 20.поени, 12. скока и 10.асистенции.

Втора година по ред, Кеј-Ди ја доби наградата за најкорисен играч на финалето. Андре Игудала имаше 11. Поени, Клеј Томпсон 10, а Дрејмонг Грин девет поени и истро толку успешни додавања.
Кај поразените, 23.поени, осум асистенции и седум скока за Леброн Џејмс, 13 дојдоа од Кевин Лов, по десет пак реализираа Родни Худ и Џеј-Ар Смит. 

Најново во Кошарка