Голем скандал се случи на тренингот на Чикаго Булс. Соиграчите Никола Миротиќ и Боби Портис се степаа, а подебелиот крај го извлече Црногорецот.
Тренингот започнал нормално, а потоа Миротиќ почнал да се дере и да го навредува Портис. Американецот не му останал должен и во еден момент со бокс го удрил соиграчот директно во лицето. Миротиќ завршил со тешка повреда на лицето и две скршени коски, но и со потрес на мозокот, па на крајот завршил во болница.
Според челниците на Чикаго, Миротиќ ќе мора да пропушти неколку меча од почетокот на сезоната. Двајцата играчи ќе заработат сериозна казна, а можно е и еден од нив двајца да биде трампан во друг тим.