НБА

Мистер трипл-дабл, три продолженија и победа на Тандерс во Филаделфија (ВИДЕО)

Оклахома по продолжение славеше кај Филаделфија (119:117) благодарение на Расел Вестбрук, кој мечот го заврши со 27 поени, 17 скока и 15 асистенции. Јута го реши Бостон на гостински терен (107:95),  Хјустон го растури Сан Антонио. 

објавено: 16 декември 2017 - 09:01

Оклахома го доби дуелот во Филаделфија, откако по три продолженија славеше со 119:117. Главниот збор на теренот го имаше Расел Вестбрук, кој мечот го заврши со трипл-дабл од 27 поени, 17 скока и 15 асистенции. За ѕвездата на Тандерс ова беше 11. трипл-дабл сезонава.

Откако Оклахома пропушти шанса да победи во регуларниот дел, мечот отиде во прво продолжение, кое беше најава за голема драма. Во Филаделфија се одиграа три продолженија, а победничкиот кош за Тандерси го постигна Андре Роберсон на девет секунди до крајот.

Покрај Вестбрук во одлично издание се покажаа Пол Џорџ и Кармело Ентони, двајцата постигнаа по 24 поени. На другата страна Ембид имаше 34 поени.

Резултати: Шарлот - Мајами 98:104, Индијана - Детроит 98:104, Орландо - Портланд 88:95, Филаделфија - Оклахома 117:119 (прод.), Вашингтон - ЛА Клиперс 100:91, Бостон - Јута 95:107, Торонто - Бруклин 120:87, Мемфис - Атланта 96:94, Милвоки - Чикаго 109:105, Денвер - Њу Орлеанс 117:111 (прод.), Хјустон - Сан Антонио 124:109.

 

 

Најново во Кошарка