СЕГА ИСПРАТИ И ОФИЦИЈАЛНА ПРИЈАВА НА ДРАФТ

Момчето од Бахамите поради кое можеби Лука Дончиќ нема да биде прв пик на драфтот (ВИДЕО)

На Деандре Ејтон му се прогнозира дека 99.99% ќе биде одбран од првата позиција на јунскиот драфт во Бруклин, и дека ќе му биде голема конкуренција на словенечката сензација за бројот 1.

објавено: 22 март 2018 - 15:35

Скаутите велат: „Кога ќе видите какви играчи прикажува Лука Дончиќ во Реал Мадрид, сигурни сме дека 99% од европјаните веруваат дека ќе биде прв пик на драфтот. Исто така 99% од тие луѓе не го гледале Денадре Ејтон. Комбинацијата на неговите атлетски способмности, силата на телото, техника... тоа се гледа еднаш во 20 години... Не е туку-така ставен во категоријата со Хаким Олајџувон, Шекил Онил, Тим Данкан..."- тврдат оние кои подобро се запознати со потенцијалот на играчот на Аризона.

Сега стигнува и официјална потврда дека Ејтон испратил пријава за драфтот оваа година. Па според сите досегашни предвидувања, токму Деандре Ејтон и Лука Дончиќ се првите два фаворити да бидат избрани како прв пик на собирот во Бруклин.
Ејтон игра на позициите пет и четири. Висок е 216 сантиметри, и има 113 килограми. Роден е 1998 година, во местото Насау, на Бахамите.
И да, во просек реализира по 20. поени и 11 скока по натпревар.
Како го прави тоа....

Најново во Кошарка