ГО ПОВРЕДИ „НЕВНИМАТЕЛНИОТ“ СОИГРАЧ...

НАЈАВА ЗА ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ ЗА ШАМПИОНОТ: Кари одмара до крајот на сезоната, можеби и подолго? (ВИДЕО)

Плејмејкерот на Голден Стејт Стеф Кари мораше да ја напушти средбата со Атланта откако во третата четвртина го повреди коленото.

објавено: 24 март 2018 - 14:15

 Прв натпревар по нешто подолгата пауза, и нови проблеми за Стеф Кари.

Двократниот МВП на НБА лигата после шестте мечеви кои ги прескокна поради повредата на скочниот зглоб, се соочува со ново отсуство од терените.
Како што пренесува ЕСПН, Кари ги истегнал предните вкрстени лигаменти на левото колено, па во текот на денот ќе мора да оди на снимање со магнетна резонанца како би се утврдила сериозноста на повредата.
Лошиот момент за еден од најдобрите играчи во НБА лигата се случи во третиот период кога неговиот соиграч Џавал Мек Ги при еден обид за блокада се „приземји" директно на ногата на Кари.

 „Само се обидов да го блокирам шутот и налетав на него"- рече центарот на тимот од Калифорнија, кој јасно е влегува во уште поголеми проблеми.

Особено ако се знае дека во воој момент надвор од игра уште некои од водечките играчи како Клеј Томпсон, Дрејмонд Грин и Кевин Дурент, кој доби силен удар во градниот кош.

"Ништо не може да биде совршено во животот. Секогаш ќе има пречки. Оваа династија која ја започнаа Вориорс е навистина добар и нема за што да се грижиме. Живееме добар живот – сите овие повреди не го агрозуваат нашиот живот“ – рече некогашниот МВП на лигата Кевин Дурент.

Инаку, пред повредата Кари во игра помина 25.минут и играше фантастично. Постигна дури 29. Поени (шут од игра 10/18).

 

 

 

Најново во Кошарка