СЕРИЈАТА ЌЕ ПОТРАЕ...

НЕ Е ДОБРО ЗА ШАМПИОНОТ: Демолирање на „Воините" во Њу Орлеанс (ВИДЕО)

Нема предавање, иако играа добро и во Оукленд, дури во третиот обид кошаркарите од Њу Орлеанс стигнаа до триумф над бранителот на титулата. Пред своите гледачи делуваа мошне убедливо (119:100) , па сега имаат заостанување од само еден поен во серијата (1-2).

објавено: 5 мај 2018 - 09:20

Дефинитивно, „причина број 1“ за победата на Пеликанс беше центарот Ентони Дејвис кој оваа средба број 3, ја заврши со 33.поени, 18.скока, три асистенции и четири освоени топки.

Дрју Холидеј имаше 21.поен, седум скока и пет асистенции, додека пак неверојатна беше партијата на Ражон Рoндo од четири поени, десет скока и нереални, но вистинити 21.додавањe.
Свој придонес од 16.поени и 13. скокови даде и Никола Миротиќ, а не треба да се заборави ниту помошта од Јан Кларк кој кога стана од клупата уфрли 18. поени за 21.минута на паркетот.
Кај бранителот на титулата, Клеј Томпсон имаше 26.поени и седум скокови. Кевин Дурент забележи 22.поени, а Стеф Кари освен 19. поени имаше и шест скока и четири освоени топки.
На чекор до трипл-дабл беше Дрејмонд Грин 11.поени, 12.скока и 9.асистенции.
Клучните моменти на средбата беа видени на стартот на третата четвртина кога Њу Орлеaнс направи серија од (10-2) и прво дојдоа на скор (72:58), за нешто потоа да имаат и плус 25 (90:65).

Тука некаде беше крајот за актуелните шампиони кои не најдоа одговор за разновидната игра на Пеликанс кои се домаќини и на четвртиот меч од серијата кој се игра во недела (од 21.30 часот). 

Најново во Кошарка