КЛИВЛЕНД ИЗЕДНАЧИ

Не го лути Леброн, ќе те натрупа (ВИДЕО)

Кливленд ја совлада Индијана со 100:97 и изедначи во плеј-оф серијата благодарение на најдобриот кошаркар во светот, Леброн Џејмс. Хјустон поведе со 2-0.

објавено: 19 април 2018 - 09:30

Кливленд дојде до првата победа во плеј-офот, ја совлада Индијана со 100:97 и изедначи на 1-1. Главната улога на теренот ја имаше Леброн Џејмс, кој средбата ја заврши со 46 поени, 12 скока и пет асистенции.

Колку е тешко да се чува „кралот" виде и Бојан Богдановиќ, својата задача очекувано не ја исполни, дури на крајот на мечот се обиде да го спречи Џејмс да прими топка, но не успеа..Од сите дуели како победник излезе најдобриот кошаркар во светот.

Хјустон поведе со 2-0, откако одново ја совлада Минесота со 102:82. Крис Пол со 27 поени и 8 скока беше прво име кај рокетси, додека Грин имаше дабл-дабл од 21 поен и 12 скока.

Во последната одиграна средна Јута беше подобра од Оклахома со 102:95 и изедначи на 1-1.

Најново во Кошарка