ШТО ПРАВАТ 300 ДОЛАРИ ВО АМЕРИКА

Не се сите воодушевени со Леброн – уништен мурал во ЛА

Муралот во Лос Анџелес, посветен на новиот играч на Лејкерс, Леброн Џејмс е уништен по само неколку дена „траење" откако беше нацртан...

објавено: 10 јули 2018 - 10:30

„Кралот" Џејмс неодамна ја официјализираше четиригодишната соработка со славната франшиза од Калифорнија, на општо воодушевување на навивачите на славниот клуб од ЛА.

Меѓутоа, очигледно е дека има и такви кои не се среќни со неговото доаѓање во „градот на анѓелите", па после понудата на еден навивач од 300 долари за уништување на муралот, наскоро тоа беше и сторено.

На муралот, меѓу другото, беше истакнато дека Леброн е непосакуван во Лејкерси и допишано е „3-6", што е знак за неговиот скор во финалните серии на плеј-офот.
Еден од најдобрите кошаркари во историјата одлучи ова лето да ги напушти Кливленд кавалирс и за прв пат во кариерата да премине во една екипа од Западната конференција.

Најново во Кошарка