ДО КАДЕ ДОТУРКА НЕКОГАШНИОТ ПРВ ПИК НА ДРАФТОТ

НЕКОГАШ БЕШЕ МВП НА НБА: А сега му нудат договор на десет дена!?

Слободниот агент најверојатно нема да ја прифати понижувачката понуда, и во договор со својот менаџерски тим ќе се реши на опцијата да паузира до крајот на оваа сезона.

објавено: 2 март 2018 - 08:00

Понекогаш судбината и тоа како знае да си поигра со спортистите, особено оние врвните какви има многу во американската НБА лига.
А еден од нив дефинитивно е Дерек Роуз...

Оваа сезона ја започна како играч на Кливленд Кавалирс, потоа беше трејдуван во Јута Џез, а потоа и отпуштен, а од тој момент, кога од него се откажаа и „џезерите", почна да добива понуди само за оние т.н. „договори на десет дена".
Неколку генерални менаџери излегоа со потврда во медиумите кои ја следат НБА лигата дека многу веројатно е дека некогаш најкорисниот играч на НБА лигата (во 2011 година),ќе мора да чека на „целосен договор" дури следната сезона.
Доколку сака да потпише договор со некој од тимовите кои ќе играат во плеј-офот тоа мора да го стори веднаш.
Во опкружувањето на „Ди-Роуз" се надеваа(т) дека тоа можеби ќе биде Оклахома Сити Тандер, а наводно за неговите услуги се инетресирале и во Минесота па дури и ЛА Клиперс.
Инаку, на 16.мечеви во оваа сезона како „коњаник"; Роуз во просек бележеше по 9.8 поени и 1.6 асистенции.

Најново во Кошарка