ВРЕМЕ Е ЗА ДОИГРУВАЊЕ ВО НБА

Нема плеј-оф за Мајами, Бостон пред Кливленд

На крајот од приказната наречена регуларен дел, тимот од Флорида заврши како деветти на Истокот.

објавено: 13 април 2017 - 08:43

Екипата на Мајами нема да игра во доигрувањето за шампионската титула во НБА лигата. Иако во последниот меч од оваа фаза беа подобри од Вашинтон (110:102), тимот од Флорида заврши на деветтата позиција на Истокот откако неговите конкуренти, во овој случај Чикаго И Индијана ја искористија предноста која им ја носи играњето на домашен терен. Во последната рунда, Булс славеа и повеќе од убедлив триумф против Бруклин (112:73), додека пак Пејсерс исто така без проблеми ја „поминаа" Атланта со (104:86), доволно за седмата позиција на табелата на Источната конфедерација.

Но, во она што се нарекува плеј-оф, ќе ги чека ѓаволски тешка задача. Во првиот круг ќе се сретнат со актуелниот бранител на титулата Кливленд.
Кавалирс имаа очаен финиш на овој регуларен дел затоа што се посрамотија пред своите навивачи во дуелот со Торонот. Го загубија со повеќе од убедливи (83:98), доволно да останат на позицијата 2.
Изненадувачки на онаа првата се најдоа Бостон Селтикс кои тоа го потврдија со силен триумф над ослабениот Милвоки бакс (112:94).
Па во првото коло од плеј-офот за противник го добија Чикаго Булс.
Џејмс Харден го реализираше својот 22 трипл-дабл во сезоната, што е шесто најдобро остварување во историјата на лигата, и со помош од „брадата" Хјустон беше подобар од Минесота (123:118). Потенцијалниот МВП имаше скор од 27. поени, 12. асистенции и 10. скока.
Со триумфот над Сакраменто од (115:95), кошаркарите на ЛА Клиперс го обезбедија четврттото место на Западот, кое во првата плеј-оф рунда ја носи предноста на домаен терен. Ќе пробата да ја искористат во дуелите со одличниот тим на Јута Џез која во ова „финале" беше успешна притв едне од топ-фаворитите за титулата, Сан Антонио (101:97).
Број 1 на Западот, беше и остана Голден Стејт, кој стави крај на серијата од пет пореди по ред на ЛА Лeјкерс (109:94) и дојде до скор од 67-15, најдобриоt во лигата. Но што е уште поважно за нив, со голема помош од „повратникот" Кевин Дурент кој реализираше 29. поени.
РЕЗУЛТАТИ
Орландо - Детроит – Орландо 113:109, Кливленд – Торонто 83:98, Бостон – Милвоки 112:94, Њујорк – Филаделфија 114:113, Мајами – Вашингтон 110:102, Чикаго – Бруклин 112:73, Мемфис – Далас 93:100, Хјустон – Минесота 123:118, Оклахома – Денвер 105:111, Индијана – Атланта 104:86, Јута – Сан Антонио 101:97, ЛА Клиперс – Сакраменто 115:95, Голден Стејт – ЛА Лејкерс 109:94, Портланд – Њу Орлеанс 100:103

ПЛЕЈ-ОФ
ЧЕТВРТФИНАЛНИ ДВОЈКИ
ИСТОК
Бостон – Чикаго
Кливленд – Индијана
Торонто – Милвоки
Вашингтон - Атланта

ЗАПАД
Г. Стејт - Портланд
Сан Антонио - Мемфис
Хјустон - Оклахома
ЛА Клиперс - Јута

Најново во Кошарка