ИАКО ПРЕЖИВУВААТ ТЕШКИ МОМЕНТИ, СПАРСИ ОСТАНУВААТ ВО ИГРА

НЕМА ПРЕДАВАЊЕ: Ману ја врати серијата во Оукленд, Леброн го возврати ударот во Индијанаполис (ВИДЕО)

Во ниту еден момент Голден Стејт не покажа дека е шампионска екипа, Сан Антонио славеше со убедливи (103:90) и намали на (1:3) во серијата...

објавено: 23 април 2018 - 09:00

Петти меч ќе се игра во четвртфиналето од плеј-офот во Западната конференција помеѓу екипите на Сан Антонио и на Голден Стејт.

По заслуга на Спарси кои стигнаа до сигурен триумф пред своите навивачи во Тексас (103:90) со кој намалија на (1:3) во серијата која се враќа назад во Оукленд, каде во вторник навечер и ќе продолжи.
Втор пат по ред „мамузите" беа без својот прв тренер Грег Попови, но и без тој битен фактор одлично го отворија дуелот против актуелниот првак. И во ниту едне момент не им дозволија на фаворизираните „воини" да дојдат дури и до минимално водство.
Ману Џинобили сјајно го предводеше тимот во црно-бела комбинација, Аргентинецот беше видно расположен за игра, а после меот објасни дека сите сакаат да се борат и никогаш не се нашле во една ваква тешка ситуација која им се случи по смртта на сопругата на нивнио тренер Грег Попович.
Ламаркус Олдриџ постигна 22.поени (заедно со 10скока), а го следеше токму Ману, стреец на 16.поени.
Кај Вориорс, најефикасен беше Кевин Дурент со 34 поени, плус и 13.скока. Но потфрлија другите ударни игли на шампионот. Клеј Томпсон постигна само 12.поени, додека Дрејмонд Грин беше повеќе посветен на оние скокачки активносто Имаше дури 18.скокови од кои десет беа дефанзивни.
Леброн Џејмс нема намера така лесно да се откаже од трката за прстенот. Го докажа тоа најдоминатниот играч во лигата и во четврттиот меч од серијата со Индијана Пејсерс. Во победата од (104:100).

Цели три четвртини Кавс беа подобар противник, во финишот на првото полувреме имаа максималми 15. Пони предност (58:43). Но Пејсерси не се предаваа и предводени од расположениот Оладипо успеаја да се вратат.
На 12. секунди пред крајот по неговата тројка беше само (103:100), но и едно слободно фрлање на Џеф Грин беше доволно Кавалирс да ја потврдат победата.
Џејмс реализираше дабл-дабл од 32.поени и 13 скока (плус седум додавањња), Корвер впиша 18, а Џеј-Ар Смит и Џордан Кларксон уште по 12 за Кливленд.
Ова беше 221. плеј-оф меч за Леброн во кариерата, со кој го потисна Коби Брајант од шестото место на листата.

Кошаркарите на Вашингтон 45. минути беа во подредена улога, но со сјајна игра во финишот, го свртеа резултатот и со победата од (106:98) израмнија на (2-2) во серијата против Торонто.
Претходно, Милвоки Бакс тесно го победи Бостон Селтикс со (104:102) и изедначи на (2:2) во серијата која продолжува во Бостон.

РЕЗУЛТАТИ: Милвоки – Бостон 104:102 (2-2 во серијата), Сан Антонио – Голден Стејт 103:90 (1-3), Вашингтон - Торонто 106:98 (2-2), Индијана – Кливленд 100:104 (2-2);

Најново во Кошарка