НЕ САКА ДА ГО ГЛЕДААТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, НО...

НЕРВОЗАТА СИ ГО НАПРАВИ СВОЕТО: Родни како Робин Худ (ВИДЕО)

Бекот на Јута Џез не можеше да остане мирен по исклучувањето. Нервозата ја интерпретираше на посебен начин па затоа го чека голема казна од НБА лигата.

објавено: 11 јануари 2018 - 21:00

Родни Худ не го дочека крајот на средбата Вашингтон-Јута. Леворакиот бек на „џезерите" доби две „брзи", технички грешки, за што беше исклучен во рок од неколку секунди.

Би се рекло ништо невообичаено, дури и за НБА приликите.
Но гестот кој следуваше од негова страна при излегувањето од сала, и јасно е дека ќе го чини многу.
Темпераментниот 25. годишник од Мисисипи не му дозволи на еден навивач на Визардс со скапа влезница да го овековечи тој момент со својот мобилен телефон. При минувањето кон соблекувалната го удри по раката, му го изби од рацете телефонот, а себе си најде ударно место во извештаите на медиумите.
Една од причините за оваа нервоза на Родни Худ беше и неговата очајна игра до моментот на исклучување. Имаше само три погодени шута од 11. обиди од поле. Но и без него јута го победи вашингтон (107:104), по четврти пат по ред. 

Најново во Кошарка