НБА

Ниту 93. трипл-дабл на Вестбрук не ја спаси Оклахома (ВИДЕО)

Кошаркарите на Феникс ја совладаа Оклахома на домашен терен со 114:100 и покрај добрата партија на Расел Вестбрук. 

објавено: 8 јануари 2018 - 08:00

Кошаркарите на Феникс ја совладаа Оклахома со 114:100 на домашен терен и покрај одличната партија на Расел Вестбрук. Ѕвездата на Тандерси го запиша 93. трипл-дабл во неговата кариера, додека 14. овааа сезона, од 26 поени, 11 асистенции и 10 скока.

На вечната листа во НБА-лигата пред Вестбрук се Оскар Робертсон (181), Меџик Џордан (138) и Џејсон Кид (107).

Феникс уште на стартот го наметна своето темпо, на полувремето замина со позитива од 62:53, која успеа да ја сочува до самиот крај. Во редовите на домашниот тим најефикасен беше Девин Букер со 26 поен, додека Ворен додаде 20 поени и 6 скока. Кај Оклахома Пол Џорџ имаше 19 поени, додека Ентони застана на 14 поени и 4 скока.

Резултати: Далас - Њујорк 96:100, Феникс - Оклахома 114:100, Портланд - Сан Антонио 111:110, ЛА Лејкерс - Атланта 132:113.

Најново во Кошарка