Легендарниот Германец не се предава

НОВИЦКИ ИСКРЕНО: Телото ќе каже кога е крај!

Крилото на Далас ја актуелизираа темата „пензионирање"

објавено: 15 ноември 2017 - 19:50

Дирк Новицки ја игра својата 20 сезона во НБА лигата, и сите во дресот на Далас каде стигна во сега далечната 1998 година.

Иако беше одбран како деветти пик на драфтот од страна на Милвоки, веднаш беше трејдуван кај Маверикс, каде во 2011 година стигна и до шампионскиот прстен, а беше и МВП на финалето.

И со 39. години остана предводник на „дивите телиња", но јасно е и тоа дека Германецот веќе не е во состојба да одигра на нивото од некои други сезони кои го донесоа и до учество на 13 ол-стар викенди.
Иако многумина сметаат дека Дирк ќе го пролонгира заминувањето во пензија за уште некое време, за да го помине Коби Брајант, кој цели 20 години беше Лејкерс, Новицки вели дека одлуката ќе ја даде само и исклучиво неговото тело.

„Никакви рекорди, ниту пак пласман на табелата ќе одлучуваат за тоа. Ќе биде онака како што ќе каже моето тело" - вели четвртиот Германец кој воопшто заиграл во НБА.

Не го спори фактот дека и понатаму кога игра, ужива во кошарката, но прашањето е колку физички ќе може да го поднесе напорниот распоред и честите патувања.

„Сакам да ја играм секоја средба, но прашање е колку е тоа реално. Ќе видиме како ќе протекне оваа сезона, и како ќе се чувствувам. Таа одлука веројатно нема да биде донесена пред летото" - истакнува славниот Германец, кој оваа сезона во просек бележи по 10.1 поени, 5.1 скока и 1.5 асистенции за 24.минути поминати на паркетот.

Далеку под неговиот просек на кариерата од 21.6 поени, 7.8 скокови и 2.5 асистенции по натпревар.

 

Најново во Кошарка