НЕМА ПРЕДАВАЊЕ, ТОЕ Е ТАА ГЕРМАНСКА УПОРНОСT

НОВИЦКИ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕТО: Ќе ја оставам вратата отворена...

Наредната сезона во најсилната лига на светот ќе биде 21. по ред за легендарниот Германец.

објавено: 10 август 2018 - 08:30

Но можеби тоа нема да биде и сосема доволно за да се откаже од она што навистина знае најдобро да го работи во животот. Да игра кошарка, и тоа за Далас Маверикс.

Ова летоДирк потпиша нов договор со Далас вреден пет милиони долари, важи една сезона.
Едно време Новицки беше и слободен играч, за кратко, само да му помогне на клубот од Тексас да го реализира оној фамозен „селари-кап" за престојната сезона.
Славниот Германец најави дека, ако телото му го дозволи тоа, можеби и дополнително, да ја продолжи пензијата.

„Таа одлука ќе ја донесам на крајот. Кога ќе видам дека се поминало. Ја одиграв скоро цела ланска сезона, бев здрав, и можев да играм на секој натпревар. Но одлучив да одам на операција малку порано. Ако слично биде и во наредната, тогаш можеби и ќе размислам. Ќе ја оставам вратата отворена. Можеби ќе одиграм уште една сезона, но на сето тоа ќе му пристапам како утре да не постои. Ќе се обидам да бидам ефикасен како и секоја година досега. Се надевам дека ќе биде особено интересно" - порачува Новицки

За 20.сезони во НБА лигата, како играч на „дивите телиња" од Тексас Новицки постигна 31.187 поени, и во овој момент е шестиот поентер во историјата на НБА лигата.

Најново во Кошарка