НБА

Новиот трипл-дабл на Вестбрук недоволен за победа, „Кралот“ подобар од „кралевите“ (ВИДЕО)

Расел Вестбрук го забележа 19. трипл-дабл сезонава, но Оклахома беше поразена од Минесота со 96:86. Кливленд брзо се врати на победничките патеки, на гостувањето кај Сакраменто славеше со 120:108.

објавено: 14 јануари 2017 - 09:28

Расел Вестбрук стигна до 19. трипл-дабл сезонава (21 поен, 11 скока и 12 асистенции), но тоа не беше доволно за победа на Оклахома која на гостувањето кај Минесота беше поразена со 96:86.

Кливленд предводен од големата тројка славеше кај Сакраменто со убедливи 120:108. Леброн Џејмс средбата ја заврши со 16 поени и 15 скока, Кевин Лав имаше 15 поени и високи 18 скока, додека Кајри Ирвинг беше најефикасен со 26 поени.

Резултати: Кливленд - Шарлот 102:93, Торонто - Бруклин 132:113, Алтанта - Бостон 101:103, Хјустон - Мемфис 105:10, Милвоки - Мајами 116:108, Минесота - Оклахома 96:86, Портланд - Орландо 109:115, Скраменто - Кливленд 108:120, Јута - Детроит 110:77.

Најново во Кошарка