СТАРТУВАШЕ „ПРЕОДНИОТ РОК" ВО НБА ЛИГАТА

Оклахома го врза Џорџ со 137 милиони долари за четири години

Првиот ден од седмиот месец во годината почна и НБА „берзата"...

објавено: 1 јули 2018 - 09:20

А уште во оние уводни часови завршена е една голема работа. Пол Џорџ останува играч на Оклахома Сити откако ол-стар крилото го прифатил максималниот четиригодишен договоро, вреден 137.милиони долари, јавува ЕСПН.
„ПЏ 13" ќе има можност да избира дали ќе биде дел од таа франшиза во последната сезона од договорот, онаа во 2021/2022.
Изминатите денови Џорџ беше многу блиску до премин во Лос Анџелес Лејкерс како слободен агент, но се чини дека во Оклахома пронајдоа наин како да го задржат во нивните редови играчот кој во ланската сезона, прва за него во Оклахома, оствари просек од 21.9 поени, 5.7 скока и 3.3 асистенции за 36/6 минути поминати на теренот.

Најново во Кошарка