Промена во составот на Истокот

ОЛ-СТАР: Кармело Ентони на местото на Лав

Кармело Ентони ќе биде замената за повредниот Кевин Лав на претстојниот Ол-Стар викенд, кој ќе се одржи во Њу Орлеанс.

објавено: 16 февруари 2017 - 13:10

Кармело Ентони осмипат по ред ќе настапи на Ол-Старт викендот. Тој ќе биде замена за повредениот Кевин Лав, кој поради повреда е надвор од терените.

Ѕвездата на Њујорк сезонава бележи 23,2 поени, 6,1 скок и 2,9 асистенции. Во својата кариера има постигнато 23.775 поени и засега се наоѓа на 25. место на вeчната листа на стрелци во НБА-лигата.

ЗАПАД:
Петорка: Стеф Кари, Џејмс Харден, Каваи Ленард, Кевин Дурент, Ентони Дејвис.
Резерви: Расел Вестбрук, Клеј Томпсон, Дрејмонд Грин, ДеМаркус Казинс, Марк Гасол, ДеАндре Џордан, Гордон Хауард.

ИСТОК
Петорка: Кајри Ирвинг, ДеМар Дерозан, Џими Батлер, Леброн Џејмс, Јанис Адетокумпо.
Резерви: Ајзеја Томас, Џон Вол, Кајл Лаури, Кемба Вокер, Пол Џорџ, Пол Милсап, Кармело Ентони.

 

Најново во Кошарка