Првиот пик од лани игра одлично

Оскар Робертсон си има наследник, Бен Симонс блеска со трипл-дабл учиноци

Бен Симонс го забележа осмиот трипл-дабл во дебитантската сезона за Филаделфија и сега е веднаш зад легендарниот Оскар Робертсон, кој постави засега недостижна граница во својата прва сезона во НБА лигата 

објавено: 16 март 2018 - 17:00

Бен Симонс го забележа осмиот трипл-дабл во дебитантската сезона за Филаделфија и сега е веднаш зад легендарниот Оскар Робертсон, кој постави засега недостижна граница во својата прва сезона во НБА лигата.

Рекордот на Роберстон е 25 трипл-дабли во неговата деби сезона во 1960/61.

Ноќеска Симонс постигна 13 поени, имаше 12 асистенции и 10 скокови за осми таков учинок сезонава. Лани Симонс беше прв пик на драфтот, но не играше поради повреда. Се врати во бласкав стил и е еден од главните адути на Сиксерс на патот кон плејофот.

 Бен ноќеска се проби на третата позиција зад Меџик Џонсон и Оскар Робертсон кои во првата сезона во НБА имале повеќе од 1.000 поени, над 500 скокови и асистенции.

Најново во Кошарка