ПОЗНАТ Е КОМПЛЕТНИОТ РАСПОРЕД ВО НБА ЛИГАТА

Отвораат Бостон и Фила, Џејмс во Оукленд на Божиќ

Очекувано, првата вечер од новата сезона, како и оние денови на празникот, се полни со исклучително атрактивни дуели.

објавено: 11 август 2018 - 10:45

Со заминувањето на Леброн Џејмс од Кливленд во ЛА Лејкерс, екипите на Бостон и на Филаделфија станаа главни фаворити на Истокот. Тој момент го препозна и лигата, па им ја даде таа чест на овие два тима да ја отворат новата сезона во НБА лигата, испланирано за 16. октомври.
Истите тимови ќе имаат уште поголема чест.

Да одиграат меѓу себе и на Божиќ.
Се знае дека тогаш на програмата на НБА лигата се најатрактивните дуели во најава, а покрај овој „класик" на Истокот, на програмата за 25. декември се сместени и дуелите Њујорк-Милвоки и Хјустон-Оклахома.

Потоа, во ударниот термин, од 20.часот по локално време, а (два по полноќ според средноевропското) следува мечот помеѓу актуелниот шампион, Голден Стејт и Лос Анџелс Лејкерс. А за крај, тука е средбата Јута-Портланд.
Инаку, вториот меч од првата вечер ќе се игра во Оукленд, каде на нозе на Вориос им доаѓа Оклахома, а заедничкиот именител за овие две франшизи е двократниот МВП на финалните серии, Кевин Дурент.
Од оние поинтересни мечеви, вреди да се издвојат гостувањето на Леброн Џејмс во Кливленд, (21.ноември), како и гостувањето на Торонто со Каваи Ленард, во Сан Антонио( на 3. Јануари, сега веќе наредната 2019 година).
Инаку, лигашкиот дел во НБА сезоната се затвора на 10.април

Најново во Кошарка