СЕ ЈАВИ И АЛЕН АЈВЕРСОН:

Ова не е крај, верувам во Кармело!

Сеуште не е позната судбината на Кармело Ентони после заминувањето од Хјустон. Некои најавуваат пензија на повеќекратниот Ол-стар играч, но така не мисли Ален Ајверсон.

објавено: 19 ноември 2018 - 22:45

Сеуште не е позната судбината на Кармело Ентони после заминувањето од Хјустон. Некои најавуваат пензија на повеќекратниот Ол-стар играч, но така не мисли Ален Ајверсон.

Некогашниот соиграч на Ентони во Денвер верува дека Мело ќе го пронајде вистинскиот тим, и дека ќе ја продолжи кариерата.

„Мело да се пензионира? Никако... Мислам дека треба да продолжи понатаму. Само моментот треба да биде оној вистинскиот. Ова многу ме боли затоа што го сакам Мело. Многу ми значи како личност, пред се. Ќе најде тој начин да се прилагоди и да си го најде своето место.
Верувам во него. Знам дека е силен. Зад себе има јака основа во вид на неговото семејство. Навистина верувам дека се ќе биде во ред. Јас сум на неговата страна"- рече Ајверсон.

Како потенцијални дестинации за 34.годишниот кошаркар се наведуваат Лејкерс, Мајами, Филаделфија...

Најново во Кошарка