КАКО ЛИ ЌЕ СЕ СНАЈДЕ ВО ШАРЛОТ

ПАРКЕР: Да не беше Попович...

Малиот Французин говори за 17.годишната соработка со Сан Антонио Спарс, и за очекувањата во новиот клуб...

објавено: 7 август 2018 - 21:50

На почетокот на јули, Тони Паркер договори двегодишна соработка со екипата на Шарлот Хорнетс, вредна десет милиони долари.

А во интервјуто за „Плејерс трибјун", легендарниот француски кошаркар говори за соработката која цели 17. години ја градеше со со тренерската легенда каков што е несомнено, Грег Попович.

„Можеби никогаш немаше да станам дел од најдобрата лига на светот да не беше тука Грег. Тој одлучи да ми пружи шанса како би го оставил тој прв впечаток врз него. Ме повикуваше и по втор пат на проба и бев сигурен дека нема да ја зезнам работата. Покажав колку можам на теренот"- рече Паркер и додаде:

„Следната сцена... Се наоѓам на драфтот во 2001 година и ги слушам зборовите: „Како 28.пик Сан Антонио Спарс го бира Тони Паркер..."

Како нов играч на Хорнетс, Паркер ќе му се приклучи на својот репрезентативен колега од францускиот национален тим, Николас Батум, кој му е и деловен партнер во Асвел, каде „Малиот наполеон" е сопственик.
За оние 17. години поминати во Сан Антонио, Паркер освои четири шампионски прстени, а цо 2007 година беше прогласен за најкорисен играч на финалето.

Најново во Кошарка