ЊУ ОРЛЕАНС ГО ДЕМОЛИРА САН АНТОНИО

Пеликанс до 140, Рендл до трипл-дабл (ВИДЕО)

Спектакуларна игра во нападот прикажаа кошаркарите од Њу Орлеанс која ја претворија во убедла победа (140:126) против тимот од Тексас.

објавено: 20 ноември 2018 - 08:31

Иако гостите после првата делница имаа предност од девет поени, во наредните две домашниот состав во потполност ја сврте средбата и во последниот дел влезе со 11.поени вишок.
Ентони Дејвис беше најефикасен пај Пеликанс со 29.поени и девет скокови, Етаун Мур имаше 24. Џру Холидеј 21, со девет асистенции. Но Џулиус Рендл беше играчот кој ги засени другите со трипл-дабл ефектот од 21.поен, 14.скока и 10.асистенции.
Кај Спарс, Демар Дерозен уфрли 21, Брин Форб 20, а Канингем уште 19.поени.
Најдобра одбрана пак моментално во НБА игра Мемфис. Славеа Гризлис и по четвртти пат по ред. Сега против Далас Маверикс (98:88).
Мајкл Конли го предводеше тимот од Тенеси со 28.поени, седум асистенции и пет скока а го следеше Марк Гасол со 17.поени и 15 скока
Кај Далас, Диандре Џордан реализираше 17.поени и 20. скока, а дабл-дабл имаше и Лука Дончиќ – 15. Поени и 10. скока (плус три додавања).
Во серија се и кошаркарите на ЛА Клиперс. После голем пресврт на својот паркет во „Стејплс“ центарот го совладаа составот на Атланта (127:119). За петта победа во низа.
Екипата од ЛА ја предводеа момците од центарската линија. Монтрел Харел имаше 25.поени и 11. скока, Тобијас Херис уште 24.поени и осум скокови, додека за девет минути поминати во игра, Србинот Бобан Марјановиќ впиша 12.поени.и два скока.
Клиперси се пробија на второто место на Западот со ефект (11-5), а Атланта е 14. на Истокот (3-14).
Во доста долга, негативна серија е Денвер, кој загуби уште еднаш, сега на гостувањето во Милвоки (98:104). Шести пораз во последните седум натпревари за Нагетс.
А не делуваше дека ќе биде така, затоа што во едне момент во втората четвртина Нагетс имаа и плус 17 (53:36), а на големиот одмор десет поени вишок (56:46).
Пресвртот беше најавен во третиот перид во кој Бакс поведоа со „пола кош“, а средбата ја „скршија" со серија од (8-0) во последниот дел од играта.

Јанис Адетокумпо заврши со 29.поени, 12.скока и шест асистенции. Ерк Бледшо имаше 23. А по 13 Брогдон и Мидлтон. Кај Денвер, Никола Јокиќ реализираше 20.поени, и по пет скока и асистенции, Џамал Мареј уште 17. Бакс имаат ефект (12-4) за второ место на Истокот, а Денвер падна на (10-7) за шесто место на Западот.

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Бостон 117:112, Детроит – Кливленд 113:120, Индијана – Јута 121:94, Филаделфија – Феникс 119:114, Атланта – ЛА Клиперс 119:127, Мемфис – Далас 98:88, Милвоки – Денвер 104:98, Њу Орлеанс – Сан Антонио 140:126, Сакраменто – Оклахома 117:113;

 

Најново во Кошарка