ИМА ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО ФИНАЛНИОТ ИЗБОР

ПЕТТЕ НАЈДОБРИ: Харден, Џејмс, Дурент, Дејвис, Лилард

Џејмс Харден, Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Ентони Дејвис и Демиен Лилард, така изгледа идеалниот тим во НБА лигата за сезоната 2017/2018...

објавено: 25 мај 2018 - 08:00

Џејмс Харден, Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Ентони Дејвис и Демиен Лилард, така изгледа идеалниот тим во НБА лигата за сезоната 2017/2018...

 

Во текот на регуларниот дел од сезоната, Џејмс Харден во просек бележеше по 30.4 поени, 8.8 асистенции и 5.4 скока, а го предводеше својот тим Хјустон Рокетс до најдобриот скор во лигата, додека пак Леброн Џејмс заврши со просечни 27.5 поени, 9.1 асистенција и 8.6 скока.
Лилард и Портланд разочараа во плеј-офот откако со (0-4) беа исчистени од одличните Пеликанс. Во лигашкиот дел од сезоната „Дем" имаше 26.9 поени, 6.6 асистенции и 4.5 скока.


Дејвис пак блескаше во вториот дел од сезоната и заедно со Њу Орлеанс обезбеди доигрување за титулата, а притоа „веѓата" го правеше тоа со 28.1 поени, 11.1 скока, 2.3 асистенции и 2.6 бклокади по натпревар.
Никако не смее да се занемари ефектот на играч како Кевин Дурент. Како играч на Голден Стејт, во втората година дојде до просек од 26.4 поени, 6.8 скока и 5.4 асистенции.
Џејмс едногласно беше избран во првиот тим и тоа рекорден 12. пат во својата кариера долга 15. години.
Едногласен беше и изборот на Џејмс Харден, Дејвис доби 96 гласа, Лилард 71 а Дурент 63.


Во втората постава на НБА лигата пак се Јанис Адетокумпо (Милвоки), Расел Вестбрук (Оклахома), Демар Дерозен (Торонто), Ламаркус Олдриџ (Сан Антонио), Џоел Ембид (Филаделфија).

Во третата пак се: Стеф Кари (Голден Стејт), Виктор Оладипо (Индијана), Џими Батлер (Минесота), Пол Џорџ (Оклахома), и Карл Ентони Таунс (Минесота).

Најново во Кошарка