НЕМА ДА МУ БИДЕ ЛЕСНО...

Пионерските работи на Леброн кај Лејкерс – НЕУСПЕШНИ (ВИДЕО)

Портланд беше пресилен за новите ЛА Лејкерс (128:119)...

објавено: 19 октомври 2018 - 08:30

Прв натпревар и прв пораз за Леброн Џејмс и неговиот нов клуб во НБА лигата – ЛА Лејкерс.

„Езерџиите" имаа одличен почеток на гостувањето во Орегон, благодарение на Џејмс, имаа и плус од десет поеи во раната фаза од мечот. Но до истекот на четвртината Портланд се врати, и поведе со (34:31).
Во третиот период повторно двете екипи беа во егал, но во онаа последната резултатскиот плус на страната на Блејзерс направија Лилард и Стаускас, на кои пред крајот им се приклучи и Мек Калум, за конечни (128:119).
Најефикасен во редовите на Портланд беше Лилард, со 28.поени, Стаускас имаше четири помалку, додека Мек Калум мечот го заврши со 21.реализација.
На официјалното деби, Џејмс имаше 26.поени и 12. скока, а Џош Харт го надополни со 20.реализирани поени.
Џоел Ембид ја донесе првата победа на Филаделфија во новата сезона. Против Чикаго Булс, Сиксерси беа доста сигурни и славеа со (127:108).
На вториот меч на Истокот, Мајами го изненади Вашингтон на гостински терен (113:112).

Првиот период од дуелот во Филадефлија беше мошне ефикасен, а гостите од Чикаго го добија со (41:38). Но пресвртот дојде во вторито по кој домашната екипа на полувремето поведе со (65:58).
Преку Шариќ и Ковинтон, во третиот дел од играта Фила имаше и плус 20 со што го трасираа патот кон триумфот.
Одличен беше Ембид, стрелец на 30.поени, Ковингтон имаше 20. А Шариќ 13. Но затоа пак Бен Симонс го направи првиот трипл-дабл во новата сезона. Реализираше по 13. поени и скокови, но и 11. успешни додавања.
Кај Булс, Зек Лавин исто така постигна 30.поени.
По поразот од Орландо, Мајами се врати со победа во Вашингтон (113:112). Хит беа тие кои водеа со (74:66) во третата делница, кога Визардс се вратија со серијата од десет поени без одговор.
Во неизвесната завршница, прво Џон Вол не погоди тројка за победа. А потоа стигна казната. По нереализираниот обид на Двејн Вејд, Кели Олиник оствари офанзивен скок и донесе успех за „жешките".

 

Најново во Кошарка