СРПСКИОТ БЕК ВООДУШЕВУВА И ВО НАЈСИЛНАТА ЛИГА

Почнаа да се заљубуваат во Теодосиќ и во НБА лигата (Видео)

Во дресот на ЛА Клиперс, Милош го прави тоа што најдобро го знае, дели неверојатни асистенции

објавено: 13 октомври 2017 - 08:30

Милош Теодосиќ е името за кое се почесто зборуваат во НБА лигата. Во претсезонските дуели, српскиот бек покажува зошто е играчот кој со години го сакаа повеќе екипи од најсилната лига во светот. 

Утрово, неговиот тим ЛА Клиперс убедливо со 104:87 славеше против Сакраменто, а Теодосиќ подели осум одлични асистенции. 

„Мислам дека се вљубив во Милош Теодосиќ“, напиша американскиот новинар Адам Џозеф, по една од асистенциите кои ги подели Србинот. 

Најново во Кошарка