СЕЛТИКС МУ НАЈДЕ ПОСЕБНО МЕСТО ВО ТД ГАРДЕН

Пол Пирс и бројот 34 отидоа во легендите (ВИДЕО)

Дресот на Пол Пирс со броот 34 е повлечен под сводовите на ТД Гарден салата на славните на Бостон Селтикс

објавено: 12 февруари 2018 - 09:45

После мечот со Кливленд во кој Селтикс забележаа убедлив пораз, навивачите во Бостон останаа на трибините. Имаа и зошто требаше да го испратат меѓу легендите еден од најдобрите играчи во историјата на Селтикс.

Пол Пирс!
Не беа „сами", тука беа и Кевин Гарнет, Док Риверс, и другите фаци од тимот на Бостон од 2008 година, кога беше кренат последниот, засега 17. банер – оној шампионскиот за „детелинките".
Оние кои десет години порано го одбраа како десетти пик на драфтот, и остана уште пет по таа шампионска година.
Година во која Селтикс ги победи Лејкерс со 4-2 во големото финале, а Пирс беше проглассен за МВП.
Десет пати беше биран во Ол-стар тимот, а прекарот „вистина" му го даде Шекил ОНил после мечот во кој му даде 42. поени (13/19 од поле).
После Бостон, Пол Пирс заигра и за Бруклин, Вашингтон и ЛА Клиперс.
А кариерата ја заврши со просечни 19.7 поени, 5.6 скока, 3.5 асистенции за некои 34.2 минути поминати во игра.
Тој е вториот стрелец во историјата на Бостон Селтикс зад Џон Хавличек. 

Најново во Кошарка