ЅВЕЗДА ВО ПАЃАЊЕ

ПОРАДИ СТО МИЛИОНИ: Тандер го тераат Мело надвор, но „ракетите" го чекаат во Тексас?

Оклахома Сити и Кармело Ентони најверојатно нема да ја продолжуваат соработката, тврдат новинарите од ЕСПН.

објавено: 7 јули 2018 - 12:30

Тандер сакаат да се„откачат" од договорот кој го има Кармело и со тоа да заштедат дури сто милиони долари во оној т.н. „селари-кап".
Имено, доколку Ентони остане, франшизата од Оклахома Сити ќе мора да изводи рекордни 310 милиони долари за плати, од кои 150 милиони одат само на име на даноци. Ако успеат да издејствуваат заминување на Мело, тогаш тие трошоци ќе се намалат на 203 милиони, затоа што и данокот ќе биде многу помал, од 150, ќе падне на 60.милиони.

Според натписите на оделни американски новинари, во случај на разделба со Тандер, Кармело би можел да ја продолжи својата кариера како играч на Хјустон Рокетс. Наводно, екипата од Тексас е заинтересирана да го засили тимот со уште една мега ѕвезда, а доколку Ентони остане слободен агент, тоа би можел да биде токму тој.
Секако, Кармело има опција да остане и следната година во тимот на Тандер, и да заработи 27.9 милиони долари. А доколку донесе една таква одлука, ОКС нема начин да се реши, да се откачи од неговиот мега-договор.

Најново во Кошарка