ЛЕБРОН ЏЕЈМС СО ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ

Прашајте го нешто и Кевин, инаку нема да можам да заспијам (ВИДЕО)

Ниту по вториот пораз во серијата со Бостон, оптимизмот не го напушта „Кралот"...

објавено: 16 мај 2018 - 11:00

После првиот пораз кај него имаше доза на оптимизам. А ниту вториот триумф на противникот, не го поремети Леброн Џејмс во размислувањата како да оди понатаму во плеј-пофот, секако, заедно со својата екипа – Кливленд Кавалирс.

На конференцијата за новинарите после дурлот во ТД Гарден во Бостон, Леброн одговараше на прашњата на новинарите, додека пак неговиот соиграч Кевин Лов, седеше некако понастрана, иако покрај него, и скоро незабележан од страна на медиумите.

 На крајот, најдобриот играч на Кавс, дури и се „загрижи" и на еден духовит начин го сврти вниманието дека Лов бил цело време игнориран од страна на новинарите.

„Ноќеска нема да можам да спија ако Кевин не добие некое прашање, тоа е единствената прилина поради која не би можел да заспијам"- кажа Џејмс.

Нема да им биде лесно на двајцата, особено ако се знае дека Бостон патува во Охајо со максимални (2-0) во серијата. А кога Селтикс воделе со стартна предност, не загубиле ниту една од оние 37. серии во доигрувањето.

 

Најново во Кошарка