Новицки помина уште една легенда во НБА лигата

Пред Дирк се само легендите како Периш, Абдул-Џабар, Стоктон и Мелоун...

Неверојатниот Германец, кошаркар на Далас Маверикс продолжува да напредува на листата на најуспешните играчи во најсилната лига на светот...

објавено: 18 март 2018 - 18:49

Минатата вечер, во дуелот со Бруклин нетс, Дирк Новицки го одигра својот 1.458 натпревар во лигашкиот дел од натпреварувањето во најсилната лига на светот.

И од петото место на веччната листа на рекордери го потисна Кевин Гарнет.

Германецот кој ја турка 39. година од животот, целата своја НБА кариера ја помина во еден клуб – Далас Маверикс, со кој во 2011 година ја освои и шампионската титула.
Пред „Кајзер Дирк", кој планира и следната сезона да го носи дресот на „дивите телиња", пред него се само Карл Мелоун (1.476 натпревари), Џон Стоктон (1.504), Карим Абдул-Џабар (1.560) и Роберт Периш (1.611).
Во 1998 година, Дирк Новицки беше деветти пик на драфтот, го одбра токму тимот од Тексас, а оваа сезона во просек реализира по 12.3 поени, 5.7 скокови и 1.6 асистенција по натпревар.

Најново во Кошарка