НА СОБИРОТ НА МЛАДИТЕ „ЗВЕЗДИ ВО ПОДЕМ" ВО ЛА

ПРИЗНАНИЕ ЗА ЕВРОПА: Богдановиќ и Шариќ дел од Ол-стар викендот

Бекот на Сакраменто и крилото на Филаделфија се дел од тимот на „Светот" кој ќе му се спротивстави на оној американскиот на традиционалниот Челенџ „Звезди во подем" кој се игра на првата вечер од викендот на „сите ѕвезди" во Лос Анџелес на 17-18 февруари.

објавено: 25 јануари 2018 - 13:40

Големо признание за европската кошарка дадоа раководните луѓе на НБА лигата при изборот на десетте играчи кои ќе бидат дел од селекцијата на „Светот" за престојниот ол-стар викенд, односно оној меч на кој ќе се појават играчите кои ја туркаат својата деби или втора сезона во најсилната лига на светот.

Поточно кажано, изборот кој го направија помошните тренери на 30 клуба кои се дел од НБА лигата.
Во нивниот избор половина се од оние европски простори, а има двајца играчи од регионот на нашата поранешна држава. Односно бекот на Сакраменто Кингс, Богдан Богдановиж, и крилото на Филаделфија 76, Хрватот Дарио Шариќ.

А освен нив, во тимот на странските „ѕвезди во подем" се уште и Дилон Брукс (Мемфис), Џоел Ембид и Бен Симонс (Филаделфија, Бади Хилд (Сакраменто), Лаури Марканен (Чикаго), Џамал Мари (Денвер), Френк Нтиликина (Њујорк), Домантас Сабонис (Индијана).
На другата страна пак, во онаа селекција наречена „Америка" се поставени „трилингот" од клубот домаќин на Ол-стар викендот, „езерџиите" Лонзо Бол, Кајл Кузма и Брендон Инграм, потоа Малком Брогдон (Милвоки), Џејлен Браун и Џејсон Татум (Бостон), Џон Колинс (Атланта), Крис Дан (Чикаго), Донован Мичел (Јута) Денис Смит-јуниор (Далас).
Мечот помеѓу „руки" и „софмор" играчите во НБА лигата, според овој формат, се игра од 2015 година. И засега интернациоанлците водат со (2:1) во победи.
Минатата година „Светот" ја победи „Америка" со резултат (150:141).

Најново во Кошарка