„Џи-емот" на Рокетс со потврда плус

ПРИЗНАВААТ И ВО ХЈУСТОН: Леброн е најголемиот во историјата, убедливо!

Дерил Мори, познат по тоа дека му е многу важна статистиката – сега вели дека ги проверил сите бројки и дека Леброн Џејмс е најдобриот играч во историјата на НБА

објавено: 17 август 2018 - 09:00

Дерил Мори, познат по тоа дека му е многу важна статистиката – сега вели дека ги проверил сите бројки и дека Леброн Џејмс е најдобриот играч во историјата на НБА.

"Погледнете ја само неговата способност да креира победи. Но и тоа колку со него во тимот растат шансите да се освои прстенот. Дури не ви се потребни ниту сите броеви, можете само да го гледате, и да го видите тоа"- вели генералниот менаџер на Хјустон.

„Дури и ако тоа го оставиме на страна и да се фокусираме на кариерата која ја има, искрено мислам дека е пред сите, и тоа со со поприлична разлика во однос на останатите. Знам дека ова што ви го кажувам е малку контроверзно, но..."

За 12 години колку што е дел о Рокетс, Мори постојано се ослонува на науката и на статистиката, што го донесе тимот на чекор до големото финале во ланскиот шампионат. Сега токму Леброн и Лејкерс ќе им бидат нов голем ривал на Западот за подвиг – шампионскиот прстен.

„Очекувам, и се надевам дека ќе бидеме пред нив, исто како и Голден Стејт. Но никогаш не би го отпишувал тимот во кој игра Леброн Џејмс. Тој, според мое мислење, е најголемиот играч во историјата".

Најново во Кошарка