СЕ ВРАТИ РАСЕЛ ВЕСТБРУК

ПРВ ПАД НА ШАМПИОНОТ: Денвер не се шегува (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс остварија голема победа откако славеа против бранителот на титулата Голден Стејт со минимални (100:98).

објавено: 22 октомври 2018 - 07:59

Драматично беше во Колорадо каде Нагетс стигнаа до успех против првиот кандидат за титулата.

Иако не тргнаа добро, и рано влегоа во минус од 12.поени, момците на Мајк Мелоун од минута во минута играа се подобро и подобро. Имаа (17:25) по првиот период, а тоа го сведоа само на -2, а полувремето.
Пресвртот беше најавен во третиот дел во кој сјајно одигра Гери Херис, кој постигна 11.поени, а Денвер поведе со (80:70).
На крaјот Вориорс имаше напад за победа или продолжението, но херој на Денвер стана Хуанчо Хернагомез кој го блокираше Демиен Џонс под кошот на Нагетс.
Најефикасен кај Денвер беше Херис со 28.поени, додека за 32.минути во игра Никола Јокиќ уфрли 23.поени, имаше и 11.скока и 6.асистенции.
Стеф Кари го предводеше Голден Стејт со 30.поени, Дурент даде десет помалки (со 11.скокови), а Клеј Томпсон пак застана на 15.
Хјустон Рокетс продолжи да игра топл-ладно откако загуби уште еден меч. Сега против ЛА Клиперс (112:115). Натпреварот се „кршеше" се до последните мигови од играта, но на крајот како пресудна се покажа подобрата игра на Клиперс од средината на трета до крајот на последната.
Тобијас Херис уфрли 23, а Данило Галинари 20.поени кај тимот од Ел-Еј за кого ова е втор триумф.
Кај Рокетс кој играше без суспендираниот Крис Пол, Џејмс Харден реализираше 31.поен и 14.асистенции.
Изненадувачки лесна победа направи еден од најслабите тимови во лигата, Сакраменто, на домашен терен против Оклахома Сити Тандер во чии редови се врати Расел Вестбрук (131:120).
Новакот Иман Шамперт со 26.поени предводеше група од неколку играчи на Кингс со двоен број на поени.
Во својот прв меч во сезоната, Вестбрук беше на чекор до трипл-дабл. Имаше 32.поени, 12.скокови и 8.додавања. Го следеше Пол Џорџ со 29.поени. а Шроедер даде 14. 

 РЕЗУЛТАТИ: Сакраменто - Оклахома 131:120, Денвер - Г. Стејт 100:98, ЛА Клиперс - Хјустон 115:112, Атланта - Кливленд 133:111 

Најново во Кошарка