СО СЕРИЈА ОД 21-0 ВО ПОСЛЕДНИОТ ПЕРИОД

„Ракетите" го уништија шампионот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Хјустон Рокетс го совладаа Голден Стејт на свој терен со убедливи (107:86).

објавено: 16 ноември 2018 - 08:30

Во репризата на ланското финале на Западот, ги предводеше Џејмс Харден со 27.поени, три скока, асистенции и две освоени топки.
Го следеа Џејмс Енис со 19.поени и пет скока, Ерик Гордон кој реализираше 17, и Крис Пол со десет поени, седум асистенции и пет скока.
Во редовите на шампионот, кој сеуште не може да смета на повредениот Стеф Кари, најдобар беше Кевин Дурент со 20 поени и пет скока, Кевон Луни имаше 12, Квин Кук 11, а Клеј Томпсон 10.поени.

Екипата од Тексас ја превзема контролата над играта на крајот на првата четвртина. А со подобра игра во средината на вториот квартал имаа и прва двоцифрена предност (35:25).
До истекот на полувреметото Вориорс ја намалија на едноцифрена. Но од стартот на третата четвртина Хјустон заигра одлично и цело време го одржуваше двоцифрениот плус.
Прашањето на победникот беше решено во уводните минути од последниот период, кога Рокетс направија неверојатни (210-) и отидоа на максимални плус 32 (97:65).
За тимот на Мајк Дантони ова е трета последувателна победа за скор 7-7 и 12.место на Западот, додека Голден Стејт останува прв, со ефект 12-4.
Страшно враќање на победите имаа кошаркарите на Денвер Нагетс. После четири врзани порази, сега ја прегазија Атланта Хоукс со плус од 45 поени (138:93).
Тимот од Колорадо прикажа сјајна игра против Хоукс. Пред се затоа што имаа повеќе расположени играчи. За тоа сведочи и податокот дека дури седуммина завршија со двоен број на поени.
Најефикасен, изненадувачки беше Хуанчо Хернангомез со 25. поени и девет скока. Пол Милсап и Гери Херис имаа по 18, додека Никола Јокиќ ја заврши средбата со 12.поени девет скока и седум асистенции.
Кај Атланта, Џереми Лин имаше 16.поени, Кент Бејзмор 14, а ветеранот Винс Картер 11.поени.
Денвер е на скор (10-5) и е трет на Западот, додека пак Атланта го зазема 14. место на Истокот со ефект (3-12).
Највозбудливиот натпревар во кратката програма го одиграа екипите на ЛА Клиперс и Сан Антонио. На крајот победија Клиперс со (116:111).
Клиперс славеа во неизвесна завршница во Стејплс Центарот, а најзаслужни за тоа беа Лу Вилијамс и Данило Галинари. На резултат (107:107), прво Вилијамс погоди тројка, а во последните секунди од играта, во два наврати, Галинари беше прецизен од линијата за слободни фрлања. Точка стави повторно Вилијамс, со мирно изведените слободни фрлања.
Во победничката екипа Вилијамс постигна 23.поени, Галинари имаше 19, Тобијас Херис уште 18, плус и осум скока и пет асистенции.
Кај Спарс одилчен беше Демар Дерозен со 34.поени, шест скока и пет асистенции, Геј додаде 19, а Форбс уште 17.поени.
За Клиперс ова беше трета победа во иниза и сега се петти на Западот со ефект (9-5), Сан Антонио пак го впиша и третиот по ред пораз, и сега е на десетото место (ефект 7-7) во западната конференција.
РЕЗУЛТАТИ
Хјустон – Г. Стејт 107:86
Денвер – Атланта 138:93
ЛА Клиперс – Сан Антонио 116:111  

Најново во Кошарка