ХЈУСТОН Е НА ЧЕКОР ДО ЦЕЛТА

„Ракетите“ имаат „гориво“ и за финале (ВИДЕО)

Во петиот меч од финалето на Западната конференција, Хјустон го победи Голден Стејт со (98:94) и поведе во серијата со (3:2).

објавено: 25 мај 2018 - 09:20

„Ракетите" подобро го отворија мечот, во текот на првото полувреме имаа и двоцифрено водство, од 11. поени , но завршницата на втората четветина им припадна на Вориорс кои успеаја да дојдат и до нерешен резултат, (45:45), со кој се замина на одмор.

А во тие 24.минути од играта шампионот во ниту еден наврат немаше водство.
Тоа го направија на почетокот на второто полувреме, кога некако „се наместија". Но само до моментот кога на теренот не се „појави" Крис Пол, играчот кој го држеше Хјсутон во предбост.
За разлика од некои претходни натпревари, Вориорс го имаа „на располагање" Клеј Томпсон, кој го замени Стеф Кари во доста ситуации и беше „фактор икс" за Голден Стејт во обидот да направат уште еден брејк во Тексас. И пред влезот во четвртината на одлука имаа „минималец" (72:71).
Така беше се до 22.секунди пред крајот на мечот, кога гостите испуштија можност да поведат. Направија прекршок по кој Ариза погоди едно слободно фрлање за плус од два поени за Рокетс. Останаа 6.7 секунди за последен напад на шампионот. Но го упропасти Дрејмонд Грин.
Ерик Гордон со 24.поени го предводеше Хјустон, вклучително и поените од линијата за слободни фрлања кои се покажаа како клучни. Крис Пол го следеше со 20.поени, седум скока и шест асистенции. Но прашање е дали ќе игра понатаму во оваа серија и плеј-офот воопшто ако се знае дека ја повреди задната ложа во финишот од овој нервозен меч во кој Џејмс Харден постигна само 19. поени, со мизерни 0/11 за три поени.
Клинт Капела запиша дабл-дабл од 12.поени и 14.скока.
Кај Вориорс, најдобар беше Кевин Дурент со 29, поени, Топсон даде 23, а Стеф Кари еден помалку. Дрејмонд Грин имаше ѝ2. Поени и 15 скока, но во клучните моменти направи неколку грешки.
Следниот, шестти меч во оваа серија се игра ви ноќта помеѓу сабота и недела со почеток од три часот после полноќ, а домаќин е Голден Стејт во нивната „Оракл Арена". 

Најново во Кошарка