кога играат сериозна кошарка и помалку одбрана...

„Ракетите" ставија „гориво" - го прелетаа Солт Лејк Сити (ВИДЕО)

Кошаркарите на Хустон го вратија „брејкот" во Јута со триумфот од (113:92) за водство од (2-1) во полуфиналето на Западот.

објавено: 5 мај 2018 - 08:55

Најдобар играч на Рокетс на првиот меч во Солт Лејк Сити беше Џејмс Харден кој оствари дабл-дабл од 25.поени и 12. асистенции. Ист број на поени постигна и Ерик Гордон, Крис Пол додаде 15. поени, седум скока и шест додавања, додека Клинт Капела заврши со 11. поени и осум скока, и по четири асистенциии и блокади.

Причините за овој убедлив пораз на „џезерите" треба да се бара во фактот дека Донован Мичел беше целосно запрен. Особено во првото полувреме. На крајот зад неговото име останаа запишани само десет поени (4/16 од игра, и 2/7 за три поени) затоа пак Ројс ОНил беше најефикасниот играч со 17. поени (плус пет скока), Алек Брукс додаде 14, а Руди Гобер 12 плус и девет скока.
Дури 39. уфрлен поен во вториот период од играта на Хјустон му донесоа плус од 22. поени и уште тогаш стана јасно дека најдобриот тим во лигашкиот дел ќе дојде до „"брејк" во земјата на Мормоните каде се игра и наредниот меч, во ноќта меѓу недела и понеделник од два часот по наше време. 

Најново во Кошарка