НБА

Рекордна вечер за Кавај Ленард, Јокиќ со трипл-дабл (ВИДЕО)

Торонто на домашен терен ја совладаа Јута со 122-116 во одличното издание на Кавај Ленард.

објавено: 2 јануари 2019 - 08:29

Некогашниот играч на Сан Антонио, сегашна ѕвезда на Торонто на теренот мина 35 минути за кои постигна 45 поени за нов рекорд во неговата кариера. Ленард од игра шутираше 16-22, 0-3 за три поени, 13-17 за еден поен, зад своето име додаде уште шест скока и една асистенции.

За Торонто ова беше 28 победа и со скор од 11 порази се наоѓа на второто место на табелата во Источната конференција.

Денвер пред своја публика го совлада Њујорк со 115-108. Најефикасен во редовите на Нагетси беше Никола Јокиќ го оствари третиот трипл-дабл од 19 поени, 14 скока и 15 асистенции.

Резултати: Торонто – Јута 122:116, Милвоки – Детроит 121:98, Денвер – Њујорк 115:108, Сакраменто – Портланд 108:113, ЛА Клиперс – Филаделфија 113:119.

Најново во Кошарка