Уште во првата четвртина Торонто најави дека вечерта во „Стејплс центарот" ќе биде непријатна за навивачите на Лејкерс. После нешто повеќе од шест минути беше (25:8), а четвртината заврши со неверојатни (45:17). Иако домаќинот ги доби сите три наредни, ниту во еден момент не го загрози водството на Репторс за кои не играше Каваи Ленард, несуденото засилување за тимот од Ел-Еј ова лето.
Серж Ибака беше скоро па феноменален со дури 34.поени со шут од игра 15/17. Кајл Лаури даде 21 поен со 15 асистенции.
Кајл Кузма кај Лејкерс уфрли 24.поени, а Леброн Џејмс средбата ја заврши со 18. поени.
Јанис Адетокумпо си поигра со „кралевите" од Сакраменто. Грчкиот феномен направи монструозен трипл-дабл за осма победа на Милвоки Бакс (144:109) против тимот од Калифорнија.
Реализира 26.поени, 15.скока и 11. додавања. Го следеа Ерик Бледшо со 17.поени и шест скока, Ерсај Илјасова со 15, и Малком Брогдон со 13. поени.
Непријатна вечер освен Лејкерс, имаа и Спарс односно Сиксерс. Сан Антонио загуби дома од Орландо Меџик (110:117). Уште во првата четвртина гостите од Флорида направија двоцифрен плус и константно го одржуваа. Ерик Гордон беше најдобриот во Орландо со 26.поени, а Демар Дерозен кај Сан Антонио со еден поен помалку.
Бруклин непријатно ја изненади Филаделфија (122:97). Решението падна во третиот дел од играта кој Нетс го добија со (41:28), по што Сиксерс не успеаа да се вратат.
Дианџело Расел и Ронде Холис Џеферсон реализираа по 21 поен кај победникот. Кај Филаделфија Бен Симонс даде 20, а Џоел Ембид беше доста скромен 16. поени и 14. скока.
РЕЗУЛТАТИ: Милвоки – Сакраменто 144:109, Бруклин – Филаделфија 122:97, Вашингтон – Њујорк 108:95, Сан Антонио – Орландо 110:117, Феникс – Мемфис 102:100, Портланд – Минесота 111:81, ЛА Лејкерс – Торонто 107:121